Ерменскиот премиер поднесе оставка, следат предвремени избори

Премиерот на Ерменија Никол Пашинјан поднесе оставка воочи предвремените избори што ги распиша по добиените критики за решавањето на минатогодишниот конфликт во Нагорно-Карабах.

Фото: ЕПА

Пашинјан, кој дојде на власт во текот на продемократските протести во 2018 година, беше под притисок да поднесе оставка откако етничките Ерменци изгубија територија во и околу областа на Нагорно-Карабах минатата година.

Тој на Фејсбук напиша дека им ја враќа на граѓаните моќта што ја доби од нив за да можат да одлучуваат за иднината на владата преку слободни и фер избори. Како што беше претходно најавено, изборите ќе се одржат на 20 јуни.

Неговата очекувана оставка дојде два дена откако американскиот претседател Џо Бајден ги прогласи масакрите врз Ерменците во Османлиското царство за геноцид, што Ерменците го поддржаа, а Турција го осуди. Пашинјан преку писмо му порача на Бајден дека неговата историска одлука е прашање на безбедноста на Ерменија по конфликтот во Нагорно-Карабах, во кој Турција го поддржа Азербејџан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе