среда, 8 мај 2024

Русија изврши серија напади на Украина, погоден е аеродромот каде требало да стигнат авионите Ф-16

Оружените сили на Русија извршиле серија напади на фабрики, складишта на муниција и аеродроми во областите на Киев и Лавов, јави координаторот на тајната организација која дејствува во интерес на Русија во Украина Сергеј Лебедев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската војска во градот Стриј, во областа на Лавов, погодила мети во близина на железнички јазол, воен аеродром на кој требало да бидат испорачани западните авиони ловци Ф-16 и складишта со опрема која западните земји ѝ ја испратиле на Украина, наведе Лебедев.

Според него, руските сили погодиле област во близина на фабриката Дарницки за поправка на железнички вагони и фабриката на авиони Антонов во Киев, кажал Лебедев, а пренесуваат руските медиуми.

Руската војска погодила и аеродром за хеликоптери во Полтава и енергетскиот систем на Полтавската област.

Како одговор на нападите на оружените сили на Украина на цивилни цели, руските трупи редовно вршат напади на војниците и опремата на оружените сили на Украина, на странските платеници, но и енергетската инфраструктура, одбранбената индустрија и воената администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ