Ерменскиот премиер: Имаме докази дека Турција воено ги поддржува азербејџанските сили во Нагорно Карабах

Ерменија има докази дека Турција воено ги поддржува азербејџанските сили во Нагорно Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

EPA-EFE

Во интервју за францускиот весник Фигаро, Пашинјан ја обвини Турција дека ја поддржала азербејџанската војска со борбени авиони, дронови и друга воена опрема.

„Постојат докази дека турски воени команданти се директно вмешани во водењето на офанзивите“, изјави ерменскиот премиер во денес објавеното интервју.

Според него, турските сили користат беспилотни летала и авиони Ф-16 во бомбардирањето на цивилните зони во Нагорно Карабах.

„Знаеме дека Турција обучила и превезла илјадници платеници и терористи од областите кои ги окупира на северот на Сирија“, кажа Пашинјан.

Азербејџанскиот претседател Олхам Алиев кажа претходно дека авиони Ф-16 на турските воздухопловни сили не учествуваат во борбените дејства во Нагорно Карабах.

Ерменското министерство за одбрана соопшти претходно дека турски Ф-16 соборил ерменски авион Су-25.

Азербејџан ги отфрли тие тврдења.

Новиот судир околу Нагорно Карабах, мнозински ерменска енклава во Азербејџан, изби на 27 септември и од тогаш загинаа повеќе од 100 луѓе, а ранети се стотици.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе