Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација по судирот со Азербејџан

Ерменските власти во неделата прогласија воена состојба и општа мобилизација по новите судири што избувнаа во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од Ереван и азербејџанските сили.

EPA-EFE/MELIK BAGHDASARYAN

„Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Барам од сите да се појават во воените комисии“, напиша ерменскиот премиер Никол Пашинијан на Фејсбук.

Тој исто така го повика населението да биде „подготвено да ја брани светата татковина“.

„Силно да ја поддржиме нашата држава, нашата армија... и ќе победиме. Долго да живее славната ерменска војска“, напиша тој.

Пред Ерменија и Нагорно-Карабах прогласи воена состојба и општа мобилизација на своето машко население, објави претседателот на таа самопрогласена држава, Араик Харутиниан.

Ерменија и Азербејџан веќе четири децении се заглавени во нерешен конфликт околу Нагорно-Карабах, меѓународно признат како дел од Азербејџан, но контролиран од етничките Ерменци. Граничните судири се интензивираа во последните месеци.

Ерменија во неделата наутро рече дека соседен Азербејџан нападнал цивилни населби во регионот Нагорно-Карабах и ги повика жителите во спорниот регион да одат во засолништа.

И Азербејџан и ерменските сепаратисти објавија дека имало воени и цивилни жртви во судирите.

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле два азербејџански хеликоптери и три беспилотни летала како одговор на нападите, за кои рекоа дека започнале во 04:10 часот по ГМТ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MELIK BAGHDASARYAN

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе