Една од најниските стапки на вакцинација во Кавкаскиот регион

Ерменија им овозможи на работодавците да ги отпуштаат невакцинираните работници

Парламентот на Ерменија денес усвои закон кој ќе им овозможи на работодавците да ги отпуштаат работниците кои ќе одбијат да пружат доказ за вакцинација против коронавирусот или негативен резултат на тест.

EPA-EFE

Ерменија има една од најниските стапки на вакцинација во Кавкаскиот регион, а новиот закон доаѓа по августовската наредба на министерството за здравство дека вработените секои две недели мора на работодавците да им доставуваат доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест за да не бидат казнети.

Владата денес наведе дека работодавецот, кога работникот нема да приложи потврда за вакцинација или негативен резултат на тест, има право да го отстрани од работното место, да му ја суспендира платата, и да го отпушти, ако од работа од таа причина отсуствувал десет работни дена.

Новиот закон не се однесува на претседателот на државата, премиерот, членовите на парламентот, омбудсманот, судиите на уставниот суд и бројни други функционери.

Ерменија почна кампања на масовна вакцинација во април, а властите планираа да вакцинираат 700.000 од 2,9 милиони жители до крајот на годината.

Меѓутоа, до 6 декември целосно вакцинирани беа 516.989 граѓани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе