Ерменија и Азербејџан продолжуваат да водат жестока војна, пропаѓа планот на Американците (ВИДЕО)

Шансите за завршување на целомесечното крвопролевање во планинската енклава Нагорно Карабах изгледаат сѐ послави откако Азербејџанците и Ерменците ги продолжија борбите пред утрешните преговори во Вашингтон.

EPA-EFE

Планот на шефот на американската дипломатија Мајк Помпео во петок да се сретне со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија поттикна надеж дека двете поранешни советски републики ќе се договорат и ќе го прекинат најжестокиот конфликт од средината на 1990-тите.

Но, та надеж нагло стивна поради продолжувањето на судирите во и околу Нагорно Карабах, одметнатата територија во Азербејџан, но под контрола на Ерменците и поради жестоката реторика од двете страни.

Стотици луѓе загинаа од избивањето на борбите на 27 септември, поттикнувајќи страв од поширока војна во која би се вклучиле Русија и Турција и загриженоста за безбедноста на нафтоводите и гасоводите со кои азербејџанските енергенси се транспортираат на светскиот пазар.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави вчера дека во овој момент не гледа дипломатско решение за долгогодишниот конфликт, додека претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во разговор за весникот Никеи денес кажа дека шансите за постигнување мир се „многу слаби“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе