Ерменија бара помош од Франција, Путин губи важен сојузник

Британскиот весник Гардијан објави дека Ерменија побарала од францускиот претседател Емануел Макрон да ги води мировните преговори со Азербејџан.

Фото: ЕПА

Молбата на Ерменија до Макрон уследи по состанокот на членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) што се одржа во средата во Ереван, Ерменија.

За време на протоколарната фотосесија, ерменскиот премиер Никол Пашинјан се оддалечи од Владимир Путин, кој стоеше од неговата лева страна.

Ова ги подгрева шпекулациите дека Ерменија сака да се дистанцира од Русија.

Пашинјан потоа одби да ја потпише декларацијата подготвена на самитот и ја нападна самата ЦСТО, договорот за заемна одбрана потпишан во 1992 година од Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Ерменија.

Договорот ја доби сегашната форма во 2002 година.

Пашинјан беше налутен од фактот што Организацијата на Договорот за колективна безбедност не ја бранеше Ерменија кога во септември беше нападната од Азербејџан, пишува Гардијан.

Овие две земји се во спор и вооружен конфликт околу 30 години за Нагорно-Карабах, енклава во Азербејџан каде што мнозинството од населението го сочинуваат етнички Ерменци. Речиси триста лица загинаа во судирите во септември.

„Обесхрабрувачки е тоа што членството на Ерменија во ЦСТО не ги спречи агресивните дејствија на Азербејџан“, рече Пашинјан за време на самитот.

Азербејџанскиот премиер Илхам Алиев изјави дека не може да прифати Франција да игра улога во мировниот процес, додека рускиот портпарол Дмитриј Песков рече дека Русите се подготвени да помогнат во преговорите за понатамошни мировни договори.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе