Седми ден војна

Ерменците во контраофанзива, азербејџанските сили се повлекуваат (ФОТО+ВИДЕО)

Војната на Кавказ влегува во седми ден, судирите продолжуваат, обвинувањата меѓу двете страни за напади врз цивили исто така. Мешународната заедница залудно бара прекин на огнот.

EPA-EFE

Ерменските сили тргнаа во контраофанзива вдолж дел од фронотот во Нагорно Карабах, соопшти портпаролката на министерството за одбрана на Ерменија Шушан Степенјан. „Армијата на одбраната на Карабах успеа да ја заузда големата офанзива која ја почна непријателот. Во еден од правците нашите сили тргнаа во контраофанзива. На останатите страни се водат упорни борби“, напиша таа.

Претседателот на самопрогласената област во Азербејџан Нагорно Карабах Арахик Харутујунијан изјави дека лично се упатил на првата линија на борбите.

Војската на самопрогласената ерменска област Нагорно Карабах во Азербејџан објави снимка од уништување на азербејџанско тешко вооружување.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан, пак, ја обвини Ерменија за тероризам.

„Ерменија и организациите на ерменската дијаспора сносат правна одговорност за изведување терористички активности против Азербејџан и неговото цивилно население“, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Нагорно Карабах ја повика меѓународната заедница да ја признае независноста на самопрогласената република во контекст на влошувањето на ситуацијата во регионот. „Ја повикуваме меѓународната заедница да ја признае независноста на Нагорно Карабах за на граѓаните на земјата да им се обезбедат правата на живот и мирен развој. во моменталните услови меѓународното признавање е единствениот ефикасен механизам за воспоставување мир и безбедност во регионот“, се наведува.

Министерството за надворешни работи на непризнатото Нагорно Карабах ги поздрави и напорите на лидерите на земјите од Минската група на ОБСЕ и меѓународната заедница „кои главно се насочени на итен прекин на оружената агресија на Азербејџан и на деескалација на тензиите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе