Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во воздушниот простор на Ерменија, а дека пилотот на „сухојот“ загнал“, пренесува РИА Новости.
Според информациите на ерменското министерство, турскиот ловец полетал од градот Ѓанџа со цел одбрана на азербејџанската авијација и дроновите кои гаѓале населени места во Ерменија.
Ерменското министерство соопшти дека турскиот авион навлегол во воздушниот простор на Ерменија околу 60 километри од границата со Азербејџан, на висина од 8.200 метри.
Портпаролот на кабинетот на турскиот претседател Фахретин Алтун ја демантираше информацијата дека турски ловец Ф-16 го соборил ерменскиот авион во воздушниот простор на Ерменија, пренесува Ројтерс.
Алтун истакна дека тврдењата на ерменските власти се „целосна невистина“.
„Ерменија треба да се повлече од територијата која ја окупира, наместо да се служи со евтини пропагандни трикови“, кажа Алтун.
И министерот за одбрана на Азербејџан ги негираше тврдењата на Ереван дека турски ловец соборил ерменски воен авион и дека пилотот загинал.
На социјалните мрежи се појави непотврдена снимка од наводното уривање: