ДОДЕКА ЧЕТВРТИНА ТУРЦИЈА ЖИВЕЕ ВО БЕДА

Ердогановата 650-милионска палата и неговата шопингхоличарска сопруга (ФОТО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има богатство од 183 милиони долари и три палати. Неговата сопруга е позната по љубовта кон луксузните шопинг-патувања и по собирањето антиквитети: во Брисел предизвика хаос во еден трговски центар, а во Варшава во еден замав потроши 50.000 долари на антиквитети.

Таа тврди дека да живее „понизен и скромен“ живот со строги муслимански вредности, поминувајќи го времето во кујната на палатата ферментирајќи јаболка и претворајќи ги во оцет, вели Дејли мејл.

Но додека нејзиниот сопруг-тиранин, претседателот Реџеп Таип Ердоган, си натрупа богатство од 183 милиони долари и има најмалку три палати низ цела Турција, неговата „шопингхоличарска“ сопруга Емине најмногу сака да троши пари.

Џет-сет начинот на живот на Емине Ердоган се состои од едно по друго шопинг-патување, каде што нејзина особена страст се дизајнерската облека и скапите антиквитети.

Додека една четвртина од нејзината земја живее во екстремна сиромаштија, а речиси 2 милиони живеат со само 4 долари дневно, сопругата на претседателот се фали дека пие специјален бел чај за 2.000 долари по килограм... а го пие од златни чаши што вредат по 300 и кусур долари по парче.

Таа еднаш затвори еден трговски центар во Брисел, трескавично купувајќи низ него, а додека го придружуваше својот сопруг во официјалната посета на Варшава во Полска потроши 50.000 долари разгледувајќи антиквитети на еден базар.

Сите предмети што таа ги купила без сомнение одат во огромната палата на Ердоган изградена во подножјата кај турскиот главен град Анкара.

Со површина од 4.000 квадратни метри, изградбата на оваа мегапалата чинела над 650 милиони, без трошоците за подоцнежното доуредување, од свилените тапети, кои чинат по 2.500 долари по ролна, па сè до 50.000-те за секој пар двојни врати што се потребни за стотиците соби.

Критичарите на монструозната зграда велат дека таа е толку екстравагантна што ќе го направела љубоморен и ирачкиот диктатор Садам Хусеин, познат по својата љубов кон златото и скапоцените камења.

Други, пак, се потсмеваат со архитектурата на палатата велејќи дека таа повеќе личи на кинеска железничка станица од што било друго во поранешната Отоманска Империја.

Зградата, позната како Белата палата, чинеше над два пати повеќе од првичната процена, но Ердоган ги отфрли критиките велејќи дека таа го зголемува имиџот на Турција во светот.

Кога го прашале зошто сака нова палата, тој рече дека лебарките во неговата стара канцеларија, кога беше премиер, значат дека таа веќе е непогодна за живеење.

Ердоган ја гледа палатата како награда за тоа што ја води земјата кон напредок, но други велат дека таа ја покажува неговата сè поголема авторитарност.

За време на неуспешниот државен удар авионите Ф-16 ја бомбардираа палатата, но обемот на штетата сè уште не е познат.

Освен тоа што во неа живее Ердоган, палатата е и команден и контролен центар.

Како и Белата куќа во САД, и таа содржи соба за итни ситуации и бункери што можат да издржат биолошки, хемиски и нуклеарен напад.

Екстраваганцијата на Ердоган се префрлила и на неговата сопруга Емине, која како домаќинка на претседателската палата прокламира дека води скромен живот.

Претходно годинава Емине рече дека харемите од отоманската ера се „инспиративни“ образовни институции.

Коментарот предизвика силни реакции, но не толкав бес како кога нејзиниот сопруг наредниот ден во говорот за одбележување на Меѓународниот ден на жената рече дека жената е „пред сè мајка“.

Но критичарите на оваа моќна двојка се ретки зашто сите оние што ќе отворат уста, најчесто завршуваат во затвор.

Иако населението се навикна на екстраваганцијата на Ердоган со неговата палата, изворот на неговото богатство останува мистерија.

Според списанието Форбс, овој 62-годишник е на врвот на листата на најплатените политички фигури, со приходи од 57 милиони долари.

За неговото лично богатство се вели дека е повеќе од 183 милиони, стекнато низ годините од инвестиции во акции и значително имотно портфолио. Тој, исто така, е сопственик на неколку ресторани и на фудбалски тим, како и на сопствена марка вотка.

Додека Ердоган сега ја зајакнува својата контрола над земјата по неуспешниот државен удар, животот на оние на работ на сиромаштијата најверојатно нема да се подобри.

Две од секои три деца во Турција живеат во сиромаштија според стандардите на Европската Унија, се вели во извештајот подготвен од страна на Бахчешехир-универзитетскиот центар за економски и социјални истражувања.

Турција ги предводи земјите на Јужна Европа, како и другите помалку развиени европски земји како Унгарија и Романија, во детската сиромаштија, додека 63 проценти од децата на возраст под 15 години живеат во сиромаштија.

Во Романија, која има најблиска стапка до Турција, оваа стапка е 36 отсто, додека во Грција е 16,5 отсто, а во Италија таа е 12,4 проценти.

Од 20-те милиони луѓе што живеат во руралните делови на Турција повеќе од два милиони се под границата на сиромаштијата и живеат со помалку од 4 долари на ден.

Низ целата земја просечната месечна плата е нешто повеќе од 550 долари, во споредба со 2.300 долари во Велика Британија.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе