Ердоган за енергетската криза во ЕУ ги обвини европските санкции против Русија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за енергетската криза во Европа денес ги обвини санкциите кои европските земји ѝ ги воведоа на Русија поради инвазијата на Украина, што е идентична теза на онаа која со недели ја изнесува официјална Москва.

EPA-EFE

Тој додаде дека европските земји „жнеат што посеале“ со наметнувањето на економските рестрикции на Русија.

„Ставот на Европа кон (рускиот претседател Владимир) Путин и санкциите кои ги воведе го доведоа господинот Путин, намерно или не, до точка во која кажа: „Ако вие го направите ова, јас ќе го направам ова“, кажа Ердоган.

„Тој користи сè што му е на располагање, па така, за жал, и природниот гас“, кажа тој.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера кажа дека за прекинот на испораките на гас во Европа преку гасоводот Северен тек се виновни „санкциите кои се воведени на нашата земја“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе