Ердоган: Во Сирија од Турција ќе се вратат милион сириски бегалци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа кажа дека верува дека бројот на Сиријците што се враќаат од Турција во својата матична земја ќе достигне милион кога ќе се воспостави безбедносната зона во североисточна Сирија, на границата со Турција.

Во Турција живеат речиси 4 милиони Сиријци, што е најголемиот број протерани Сиријци во некоја земја за време на осумгодишната граѓанска војна. тензиите меѓу Турција и Сирија во последно време растат.

Турција е во преговори со Соединетите Американски Држави околу формирање безбедносна зона вдолж границата на североистокот на Сирија, каде САД ја поддржуваат курдската милиција ИПГ која Анката ја смета за терористичка организација.

Анкара бара курдските сили да се повлечат од таа област за да се обезбеди границата, додека Вашингтон бара гаранција дека нема да бидат оштетени нивните сојузници, предводени од Курдите, во борбата против Исламска држава во Сирија.

Турција и САД соработуваат и околу спроведувањето на договорот за сирискиот град Манбиџ за кој турски воени извори за Ројтерс изјавија дека напредува побавно од очекуваното.

Ердоган, обраќајќи им се на пратениците на својата Партија на правдата и развојот (АКП) во Анкара кажа: „Се трудиме колку можеме да ја прошириме безбедносната зона вдолж границата во нашата земја за сириските бегалци да можат да се вратат дома“.

„Во моментов се вратија 330.000 луѓе, но верувам дека таа бројка, кога ќе се решат проблемите во Манбиџ и во источен Еуфрат, набрзо ќе се зголеми на милион“, истакна турскиот претседател.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе