Посетата на турскиот претседател се случува во време на спорт меѓу Турција и Европската Унија, особено Грција, околу неодамнешниот нов бран емигранти на турската грница со ЕУ.
Илјадници луѓе пристигнаа на турско-грчката граница откако Анкара минатата недела порача дека повеќе нема да ги задржува емигрантите на патот кон Европа бидејќи ЕУ не го почитува договорот меѓу двете страни од 2016 година.
Со него Анкара се согласи да ги сопира емигрантите во замена за европски пари за интеграција на сириските бегалци во Турција. Таму веќе има 4 милиони емигранти од кои 3,6 милиони од Сирија.
„Да бидеме искрени, договорот е мртов“, кажа доцна синоќа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Тој тврди дека договорот пропаднал бидејќи турските власти ја поттикнале актуелната криза со тоа што ги охрабруваат или дури им помагаат на емигрантите на патот кон Европа.
„Турција има обврска да ги сопира луѓето пред да стигнат до брегот... и да прави сѐ што може да се бори против шверцерите и нелегалните преминувања во Грција“, истакна Мицотакис.
„Токму тоа го пишува во договорот, а Турција го прави спротивното: системски им помага, на копно и на море, на луѓето да дојдат до Грција“.
Грчката полиција денес повторно користеше солзавец за да ги сопре емигрантите да ја минат границата, на која распореди и дополнителни илјада припадници на специјалната полиција.