Ердоган во Нови Пазар: Ова е мој крај (ФОТО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го посети Нови Пазар, каде што рече дека Турција и регионот Санџак имаат посебни односи.

 

„Нови Пазар е мој крај. Вашата среќа е наша среќа, вашата болка е наша болка“, рече Ердоган.

Голем број новопазарци ги поздравија Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Нови Пазар е украсен со билборди со ликот на Ердоган, со српски, турски и босански знамиња, а на главната улица на градот денес прошетаа двајцата претседатели.

„Ние ќе продолжиме со нашето пријателство“, рече Ердоган, кој на овациите на жителите на Нови Пазар одговори така што му ја стегна и високо ја крена раката на Вучиќ.

Тој рече дека Санџак, како што го нарече Рашкиот регион, е еден од најважните мостови што ги поврзуваат турските граѓани по потекло од Санџак и бошњачкото малцинство во Србија.

„Нови Пазар, мој крај, мојот омилен град, го красат манастирот Сопоќани и старата тврдина, а најубава е Алтун алем-џамијата“, истакна Ердоган.

Ќе работиме, додаде тој, на зголемување на просперитетот на Србија и Нови Пазар како важен дел од оваа земја.

Тој посочи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е вистински и искрен пријател на Турција и се потсети дека тој бил еден од првите што им дале поддршка на турските институции во вечерните часови кога во земјата имаше обид за државен удар.

„Со мојот пријател Вучиќ имаме заеднички мислења, а дека тука имаме посебно место покажаа нашите браќа тука, како што му покажаа на целиот свет онаа тешка ноќ на 15 јули“, изјави Ердоган.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе