Ердоган: Во Европа има криза на лидери, но ги почититувам Трамп и Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа дека претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, како и катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал Тани се лидерите кои најмногу ги почитува.

Ердоган во говор пред студенти кажа дека се мачи да именува лидер од Европа кој го инспирира, пренесува Асошиејтед прес.

„Кога ќе ја погледнеме Европа, постои сериозна криза на лидери, еден лидерски вакум. Немам храброст да најдам таков пример во Европа“, кажа турскиот претседател.

Ердоган истакна дека го цени Трамп како лидер кој го кажува тоа што му е на ум.

„Го сакате или не, Трамп е важно име. Тој нема скриена агенда. Тој јасно ми ги кажува нештата и на отворен начин и јас нему му зборувам многу отворено“, кажа Ердоган.

Тој кажа дека и Путин нема скриена агенда, дека е искрен и отворен кон Турција, а убеден е дека рускиот лидер ќе ѝ донесе мир на Сирија.

Кога станува збор за катарскиот шеик, Ердоган го опиша како млад и динамичен лидер.

Ердоган истакна дека муслиманскиот пророк Мухамед и основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк ги смета за најинспиративни личности од минатото, а дека од поранешните европски лидери ги цени поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе