Ердоган вели Турција нема да се повлече од Идлиб: „Ние сме домаќини таму“, му даде ултиматум на Асад да се повлече

Повторувајќи ја вообичаената реторика за Сирија, турскиот лидер ја отфрли можноста да се повлечат од Идлиб, каде неговите сили ги подржуваат бунтовниците кои се борат против владата. Тој исто така му даде одредено време на Дамаск да се повлече позади турските посматрачници.

„Нема да се повлечеме во Идлиб. Ние не сме гостите во оваа област, ние сме домаќините“, рече денес Реџеп Таип Ердоган на состанокот на неговата АК партија. Ветувајќи дека ќе им стави крај на „нападите на режимот“, Ердоган рече дека Анкара му дава време на Дамаск да ги повлече силите позади турските посматрачници, но времето „истекува до крајот на месецот“.

Ердоган рече дека ќе се обиде да обезбеди поддршка од Доналд Трамп пред да стане опасно за Идлиб, „но сè уште нема поддршка“. „Се чини дека овој пат ќе имаме друг состанок“, додаде тој.

Идлиб, сместен во северозападниот дел на Сирија, е последното упориште на антивладините бунтовници и исламистичките милитанти, кои ја заземаа провинцијата уште од 2011 година.

Непријателствата драматично ескалираа во последните неколку недели кога сириската војска ја обнови својата офанзива во обид да ги заземе стратешките градови во покраината и да го отвори автопатот М4 што го поврзува Алепо, некогаш втор град по населеност во Сирија, со другите делови на земјата.

Притисокот на Дамаск доведе турската војска да распореди илјадници војници и стотици тенкови со цел да ги зајакне своите воени сојузници кои се борат против Башар Асад, а истовремено ги обвини сириските трупи за бомбардирање на цивили и гранатирање на нејзините војници.

Во меѓувреме, Анкара побара Русија да изврши притисок врз Асад да ја запре неговата операција во Идлиб.

Сепак, Москва инсистира на тоа дека сириската армија дејствува во рамки на својата територија и го има секое право да го врати суверенитетот и да го згасне исламистичкото востание; исто така инсистира на тоа дека Турција не успеа да ја раздвои „умерената опозиција“ од терористите - клучна одредба според договорот од Сочи од 2018 година, со кој се утврдени неколку „зони за деескалација“ во Идлиб.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе