Ердоган вели дека милион бегалци наскоро би можеле да се вратат во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика околу милион бегалци „за многу кратко време“ да се вратат во својата татковина и ги обвини светските сили дека им е поважна заштитата на нафтените полиња отколку на сириските деца.

Ердоган, чија земја прими 3,7 милиони Сиријци, најголемата бегалска популација во светот, кажа дека над 600.000 од нив треба да им се придружат на 371.000 кои се веќе во „мирната зона“ на северот на Сирија од каде Турција ги избрка Курдите.

„Мораме да најдеме формула која ќе им овозможи на бегалците да останат во своите земји, а оние кои веќе дошле во Турција мирно да се вратат и повторно да се населат во своите држави“, кажа Ердоган.

Обраќајќи се на Глобалниот форум во Женева, тој наведе дека Турција во последните девет години на бегалците потрошила 40 милијарди долари и ја обвини Европската Унија, која вети шест милијарди евра помош, дека не го исполнила тоа што го ветила.

„Сѐ уште чекаме на останатите три милијарди евра кои беа ветени“, кажа Ердоган.

Куќи и школи би можеле да се постават во северната зона во која 371.000 сириски бегалци се вратиле од почетокот на турската воена операција која го чисти тој регион од „терористички организации“, истакна Ердоган и ги наведе Исламска држава, но и силите на сириските Курди ИПГ како и Работничката партија на Курдистан, курдските сепаратисти во Турција.

„Ако ги спроведеме проектите кои ги спомнав на Генералноо собрание на ОН, мислам дека за кратко време можеме да населиме милион луѓе“, кажа тој.

Очигледно мислејќи на САД кои побрзаа да ги „заштитат“ нафтените полиња по повлекувањето на Исламска држава, Ердоган додаде: „За жал, напорите за безбедноста на децата во Сирија не им се ни приближно толку важни на оние кои се засегнати со заштитата на нафтените полиња“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе