Ердоган вели дека лично му го вратил заканувачкото писмо на Трамп за инвазијата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата ги отфрли прашањата зошто ги игнорира писмените барања на претседателот Доналд Трамп да ја прекине инвазијата во северна Сирија, велејќи дека тој му го вратил писмото на Трамп, пренесе Политико.

„Ова писмо му беше вратено на претседателот попладнево“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Трамп во Белата куќа во средата.

Ердоган не одговори директно на прашањето на новинарот за тоа зошто го игнорира барањето на Трамп и продолжи со инвазијата во областа контролирана од Курдите, наместо ги опишуваше терористите на Блискиот исток кои убиле турски државјани.

 „И, го вративме писмото што го примивме“, додаде тој.

Неговите забелешки во средата беа слични на иритацијата во врска со невообичаеното писмо на Трамп од октомври во кое тој му вели на Ердоган да не биде „будала“ и „насилник“. Минатиот месец Ердоган го осуди писмото како недипломатско, велејќи: „Не го заборавивме“.

„Ајде да постигнеме добар договор!“, рече Трамп во писмото на 9 октомври. „Не сакаш да бидеш одговорен за колење илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништување на турската економија - а ќе ја уништам“, напиша Трамп.

Претходно беше објавено дека Ердоган го фрлил писмото во ѓубре откако го примил.

„За нашите односи, нема смисла да се задржуваме на ова писмо“, им рече Ердоган на новинарите во октомври. „Ова не е приоритет за нас, но кога ќе дојде време, би сакале да се знае дека ќе ги преземеме неопходните чекори“.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе