Ердоган тврди дека курдските борци не ја напуштиле безбедносната зона во Сирија

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави денес дека курдските Единици за народна одбрана (ЈПГ) не се повлекле од некои сириски погранични области и дека, и покрај договорот, американските сили сè уште спроведуваат заеднички патроли со таа курдска милиција.

Пред речиси еден месец, Турција и нејзините сириски сојузници меѓу бунтовничките групи покренаа прекугранична офанзива против курдските борци на ЈПГ, заземајќи 120 километри погранична област.

Тогаш Турција склучи два одвоени договори со САД и Русија според кои ЈПГ мора да се повлече од т.н. „безбедносна зона“ која Турција има намера да ја основа на сириска територија.

Анкара, пак, за возврат вети дека ќе ја запре офанзивата на курдите.

Додека Вашингтон и Москва тврдат дека курдските борци ја напуштиле областа, Ердоган тврди дека тоа не е случај.

„Овие области не се испразнети од терористи. Терористите не се оддалечени ниту од Тел Рифат, ниту од Манбиџ“, рече Ердоган.

Тој рече дека ќе го почитува договорот со двете сили сè додека Вашингтон и Москва ги исполнуваат своите ветувања.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе