Ердоган: Турските трупи почнуваат да се префрлаат кон Либија

Турција почна да испраќа трупи во Либија за „координација и стабилност“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, откривајќи дека Анкара ќе воспостави оперативен центар во таа земја.

Турската војска веќе почна да се движи „полека“ кон Либија, објави Ердиган денес. Сѐ уште не се знае обемот на вмешаноста на Анкара во долгогодишниот либиски конфликт.

Испраќањето турски војници во Сирија доби зелено светло од турскиот парламент во четвртокот. Потегот следи откако либискиот премиер Фајез ал Сарај побара воена помош од Анкара на меѓународно признатата влада во Триполи. Владата на Сарај е оспорена од парламентот со седиште во Тобрук, кој тврди дека е вистинската власт во разурнатата земја.

Парламентот во Тобрук е поддржан од Либиската национална армија предводена од генералот Калифа Хафтар. ЛНА почна офанзива против владата во Триполи на почетокот на 2019, стигнувајќи до предградијата на престолнината но не успевајќи да се пробие во градот.

По турската одлука да испрати трупи во Либија, генералот Хафтар прогласи „џихад“ против Турција, ветувајќи дека ќе ги исфрли натрапниците од земјата. Парламентот во Тобрук се задржа на поконвенцуинални дипломатски потези, официјално прекинувајќи ги сите врски со Анкара и обвинувајќи го премиерот Сарај за предавство.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе