Тоа е прв контакт на Ердоган со висок функционер на ЕУ откако Унијата реши да ѝ воведе санкции на Турција.
„Додека Турција сака вртење нова страница со ЕУ, некои упорно се обидуваат да предизвикуваат кризи“, кажа Ердоган, додавајќи дека сака „повторно да разговара со ЕУ“.
Лидерите на Европската Унија на неодамнешниот самит во Брисел одлучија да ѝ воведат санкции на Турција поради нејзините „незаконски и агресивни акции“ на Медитеранот против Грција и Кипар.
ЕУ усвои индивидуални санкции кои се насочени против лицата вклучени во турските истражувања за нафта и гас во Средоземно Море, а листата на лица опфатени со санкциите ќе биде утврдена во следните недели.