Ердоган: Турција нема да престане да купува нафта од Иран, не се плашиме од санкции

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека е „невозможно" за Турција да престане да купува нафта и природен гас од Иран и покрај заканите со американски санкции, додавајќи дека трговијата меѓу двете земји ќе продолжи, пренесува турската телевизија НТВ.

Обраќајќи им се на новинарите пред неговиот лет назад во Турција од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Ердоган рече дека Турција не се плаши од можните санкции на САД поради трговијата со Иран.  

Тој додаде дека Анкара не сака да ја прекине соработката со Техеран.

Американските санкции врз Иран со стабилно темпо се зголемуваат од минатата година, кога претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор потпишан меѓу Иран и другите светски сили, повторно воведувајќи ги сите санкции од пред договорот. Со „кампањата на максимален притисок“ на Белата куќа, американските власти велат дека би сакале извозот на нафта на Техеран со санкциите да се намали на нула.

САД заедно со својот сојузник Саудиска Арабија неодамна го обвинија Иран за напади врз пар саудиски нафтени постројки, и покрај тоа што јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за инцидентот и Техеран негираше каква било вмешаност.

Ердоган до сега се воздржуваше да посочи кон виновникот одбивајќи да им се приклучи на Вашингтон-Ријад во обвинувањето на Иран.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе