По најавата за санкции

Ердоган: Турција може да ја затвори базата Инџирлик за Американците

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција би можела да ја затвори воздухопловната база Инџирлик за американските трупи, доколку Вашингтон ѝ воведе санкции на Анкара.

„Ние треба да ја донесеме одлуката за затворање на базата Инџирлик (за САД). Ако биде потребно тоа да се направи, ние ќе ги затвориме и Инџирлик и Куреџик“, порача Ердоган.

Тој додаде дека за двете страни е многу важно САД да не преземат чекори кои потоа не би можеле да се поправат.

„Нормално, Турција ќе одговори на секои санкции од САД“, изјави Ердоган.

Во базата Куреџик се иснталирани елементи од европскиот систем за противракетна одбрана.

Претходно и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу соопшти дека Анкара може да побара од САД да ги повлечат своите војници од базата Инџирлик, доколку Вашингтон ѝ воведе санкции на Анкара поради руските ракетни системи С-400.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе