Ердоган: Турција е против употребата на прекумерна сила во Париз

Турција со загриженост ги следи настаните на европските улици и се противи на примената на прекумерна сила против демонстрантите, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборувајќи за демонстрациите на „Жолтите елеци“.

„Тие што ја обвинија нашата полиција за опресија би требало да погледаат што прави сега нивната полиција“, кажа Ердоган за полициската интервенција „на најгруб начин“ во Париз и на други места.

„Сцените на хаос“ покажуваат дека Европа потфрли „на тестот на демократијата, човековите права и слободи“, им рече Ердоган на приврзаниците на отворањето на развојните проекти во истанбулскиот кварт Ускудар.

Демонстрациите поттикнати од најавените зголемувања на данокот на горивата во Франција се проширија и на Белгија и Холандија во својот четврти викенд.

„Тоа се тие што молчеа за сè, кои се обидоа да пролеат крв и да ги запалат нашите улици“, кажа Ердоган.

Тој обвини некои европски земји, без да ги именува, дека останале неми пред обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе