Ердоган: Трамповиот „договор на векот“ е игнорирање на палестинските права и легитимирање на израелската окупација

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го нападна планот за решавање на арапско-израелскиот конфликт, претставен од Доналд Трамп, велејќи дека предлогот е бесрамен обид за „легитимирање на израелската окупација" на палестински територии.

Ердоган, долгогодишен критичар на израелските политики, го нападна предложениот договор на САД во денешното интервју за новинарите кои го придружуваа при неговото враќање од посетата на три држави во Африка.

„Ова е план да се игнорираат правата на Палестинците и да се легитимира окупацијата на Израел“, рече Ердоган, цитиран од агенцијата Анадолу.

Критиките се во согласност со претходно искажаните критики од други турски официјални лица. Министерството за надворешни работи го оцени планот на Трамп како „мртвороден“ и рече дека има за цел да го „убие решението на две држави и кражба на палестинска земја“.

Минатиот септември Ердоган пред Генералното собрание на ОН го осуди проширувањето на израелската контрола од 1947 година. Тој дури и ја искористи омилената алатка на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, голем обожавател на визуелни реквизити и пред интернационалната публика покажа серија мапи за да го илустрира својот аргумент.

Палестинските власти ги отфрлија условите на договорот. Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека договорот е „заговор“ и истакна дека палестинските права не се „на продажба“. Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху го пофали како „можност на векот“.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе