Ердоган: Светските сили не смеат да ги повторат грешките од Сирија во Либија

Меѓународната заедница во либиската граѓанска војна не смее да ги повтори грешките што ги направи за решавање на конфликтот во Сирија, рече турскиот претседател РеџепТаип Ердоган.

Говорејќи во Истанбул во друштво на германската канцеларка Ангела Меркел, Ердоган ѝ се заблагодари за тоа што беше домаќин на неодамнешната мировна конференција за Либија, но предупреди дека успехот на мировниот план од 55 точки зависи во целост од имплементацијата на терен.

Продолжувањето на нападите во либиската престолнина, Триполи, покажува кој навистина сака мир, рече Ердоган, нарекувајќи го воениот лидер Калифа Хафтар „пучист“.

„Имајќи ги предвид овие факти, се надеваме дека меѓународната заедница нема во Либија да западне во грешките што ги направи во Сирија“, додаде турскиот претседател.

Германската канцеларка на самитот минатата недела на европски дневен ред го донесе назад прашањето за Либија, додека во исто време Русија и Турција ги играат своите улоги со поддржување на спротивставени страни во граѓанската војна во Либија.

Ердоган истакна дека повикот за прекин на огнот во Либија, што го упати заедно со рускиот претседател Владимир Путин, го отвори патот за одржување на берлинската конференција.

Меркел и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш сакаат да видат почитување на обврските на меѓународните сили во врска со одржување на ембаргото на оружје на ОН и да стават крај на воената поддршка на завојуваните фракции во Либија.

Планот прифатен во Берлин е „важен чекор“ за политичката стабилност во Либија, рече турскиот претседател, додавајќи дека брзото решение е од суштинско значење пред Исламската држава, Ал каеда и странски платеници да освојат нов терен.

Турција ја поддржува Владата на националниот договор и во ноември потпиша договор за воена соработка и поморски граници со премиерот Фајез ал-Сераџ, чија влада исто така ја поддржуваат и ОН.

Меѓутоа, Русија ја поддржува ривалската администрација на Хафтар, со седиште во источна Либија.

„Инцидентите во Сирија, Јемен, Ирак и Либија уште еднаш ја покажаа заедничката судбина на географската област во која живееме“, рече Ердоган и додаде дека „атмосферата на хаос во Либија ќе влијае на целиот медитерански базен ако не се врати мирот во најкраток можен рок“.

Претходно истиот ден, Ердоган и Меркел отворија кампус на турско-германскиот универзитет во Истанбул, што Ердоган го проследи со изрази на пријателство кон Меркел, додека таа ја истакна важноста на образованието не само со цел интегрирање на бегалците во земјите што ги удомиле, туку и и како предуслов за изградба на нивните домови по нивното враќање во својата земја.

Турција врз основа на договорот со ЕУ во 2016 година прифати 3,6 милиони сириски бегалци.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе