Ердоган среде големите пожари призна дека земјата нема ниеден употреблив авион за гасење

На југот на Турција, како и на други места на Средоземното Море, со денови беснеат големи пожари. По пет дена борби со пожарите на турскиот брег бројот на загинати се искачи на осум.

EPA-EFE

Повеќе од 120 шумски пожари избија во 17 покраини на егејскиот и средоземниот брег на Турција. Иако властите сега тврдат дека повеќето пожари се ставени под контрола, од земјата и понатаму доаѓаат страшни снимки и фотографии.

Во популарното летувалиште Бодрум група туристи и хотелски персонал морале да бидат евакуирани со брод.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посети во саботата погодените региони. Истакна дека бројот на канадери, авиони за гасење пожар, е зголемен на 16, со поддршка од Русија, Иран и Украина. Додаде дека еден од пожарите во крајбрежниот град Мармарис го предизвикале деца.

Меѓутоа, како што пренесуваат одделни турски медиуми, Ердоган во петокот изнесе неверојатно признание: Турција нема ниту еден функционален канадер или друг авион за гасење пожари.

„ТХК (Турското аеронаутичко здружение) нема авион кој би можел да се користи. Работиме со 45 хеликоптери. Освен тоа, бројот на нашите авиони (кои ги имаме на располагање) од денес се зголеми на пет-шест. Има авиони кои ги добивме од Русија и Украина. И друг авион ќе се користи од Азербејџан“, им кажа Ердоган на новинарите на 30 јули.

Коментарите на Ердоган следеа откако владата падна под сериозна критика дека не поседува ниту еден употреблив авион за гасење пожар и дека ги изнајмува од Русија.

И на социјалните мрежи во Турција може да се видат зачестени критики дека земјата не поседува ниту еден авион за гасење пожари, додека самиот Ердоган на располагање има повеќе авиони.

Пратеникот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Алпај Антмен извести од шумскиот пожар во местото Мерсин, каде кажа дека Ердоган користи 13 авиони, а дека таму не е употребен ниеден авион.

Според претходни извештаи на турските медиуми, земјата изнајмила три авиони од Русија за 1,3 милиони лири (130 илјади евра) дневно.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли исто така призна дека неговото министерство не поседува ниеден противпожарен авион.

„Во нашиот инвентар немаме ниеден противпожарен авион или хеликоптер. Тоа секогаш било така. По налог на нашиот претседател почнавме процедура за купување авион за нашиот инвентар. Добавувач на сегашните авиони е ТХК“, кажа Пакдемирли минатата недела.

Проблемот е во тоа што владата досега зависела од пожарникарските авиони на ТХК, но во моментов ниту еден од авионите на таа организација не е во оперативна состојба поради лошо одржување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе