Ердоган: Сребреница е најсрамниот чин пред очите на Европа

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека геноцидот во Сребреница е најсрамниот чин што се случил пред очите на Европа, и повика на заедничка борба такво злосторство повеќе да не се повтори.

Ердоган на својот официјален твитер профил им искажа почит на настраданите Бошњаци во Сребреница пред 23 години.

Тој кажа дека „го моли Алах за милост за сите босански браќа кои паднаа шехиди во геноцидот во Сребреница“.

„Тоа го сметам за најсрамен чин во историјата кој се случи пред 23 години пред очите на Европа. Заедно ќе се бориме за такво злосторство против човештвото да не се повтори“, порача Ердоган.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе