Ердоган со закана до Америка: „Не го почувствувале отоманскиот удар“

Одлуката на Вашингтон да продолжи да ги финансира курдските сили ИПГ во Сирија ќе влијае врз турските одлуки, порача претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон неделава.

Американски извори соопштија дека Тилерсон очекува проблематични разговори за време не посетата на Турција во четврток и петок имајќи предвид дека интересите на двете НАТО сојузнички во Сирија драматично се разликуваат, пишува Ројтерс.

Турција е гневна поради американската поддршка на ИПГ која Анкара ја смета за терористичка организација и гранка на Работничката партија на Курдистан (ПКК). Вашингтон ја поддржува курдската милиција ИПГ во борбата против Исламска држава во Сирија.

„Одлуката на нашиот сојузник да ја продолжи финансиската поддршка на ИПГ сигурно ќе влијае врз нашите одлуки“, им кажа Ердоган на членовите на владејачката партија АК во парламентот.

Турција минатиот месец во Сирија ја почна воената операција „Маслиново гранче“ за да ги отстрани ИПГ од својата јужна граница. Се закани и дека ќе ја продолжи операцијата кон сирискиот град Манбиџ кој го контролираат силите на ИПГ и ги предупреди американските сили да не се мешаат.

Вашингтон, пак, објави дека нема намера да се повлекува од Манбиџ пред Турците.

„Јасно е дека оние кои велат дека агресивно ќе одговорат ако се нападнати никогаш не го почувствувале отоманскиот удар“, порача Ердоган.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе