Ердоган вечерва слета на белградскиот аеродром Никола Тесла, со што почна неговата посета на Србија. Го придружува шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
На аеродромот во Белград ги пречекаа српскиот претседател Вучиќ и министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ.
„Добредојдовте во Србија, драг пријателе! Се радувам на нашата повторно средба и уште една потврда на пријателството меѓу Србија и Турција“, напиша Вучиќ на Инстаграм со фотографиите со турскиот лидер.