Ердоган: „Слепи сте, глуви и неми за она што се случува во Париз“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини активистите за човекови права дека ги затвораат очите пред демонстрациите на „Жолтите елеци" во Франција.

Ердоган наведе дека биле брзи во осудата на Анкара за време на протестите во Истанбул во 2013 година.

„Оние кои застанаа во заштита на човековите права за време на протестите во Истанбул станаа слепи, глуви и неми во однос на она што се случува во Париз“, рече Ердоган во говор што го пренесе турската телевизија, пренесе Хуриет дејли њуз.

„Никој не може да ѝ дава лекции на нашата земја за демократијата, човековите права и слободата“, рече Ердоган критикувајќи го ставот на француската влада за протестите на „Жолтите елеци“ низ цела Франција.

„Сега е време да реагирате на ист начин“, изјави Ердоган на митингот во Франција.

За време на протестите на  „Жолтите елеци“ во саботата беа уапсени 1.723 лица во Франција, а 1.220 од нив беа задржани во притвор, според податоците на Министерството за внатрешни работи на Франција.

Тој рече дека активистите за човекови права го мобилизирале целиот свет за време на протестите во Истанбул и дека тоа го сториле затоа што се работело за Турција.

Турција честопати е мета на критики од страна на европските земји и организациите за човекови права поради непочитување на владеењето на правото.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе