„Тие се легла на терористи“

Ердоган: Шведска и Финска ич да не се мачат да бараат од Турција дозвола за НАТО

Турција е против влегувањето на Финска и Шведска во НАТО. Делегациите од овие земји нека не се мачат да бараат од Турција да ги одобри нивните апликации, рече денеска турскиот претседател.

Фото: ЕПА

Турција нема да каже „да“ на кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО, рече во понеделникот претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека секој обид да се убеди Анкара да ја промени својата позиција ќе биде залуден, пренесе агенцијата Анадолу.

„Овие две земји немаат јасен недвосмислен став против терористичките организации. Шведска е легло на терористичките организации. Тие им даваат на терористи да зборуваат во нивните парламенти“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со алжирскиот колега Абделмаџид Тебуне во Анкара и додаде: „Ние не би рекле ‘да’ за во безбедносната организација НАТО да влезат некои што ѝ воведуваат санкции на Турција… Тие ќе доаѓаа во понеделникот да нѐ убедуваат. Извинете, ама ич не треба да се мачат“, рече Ердоган.

Турција предупреди дека ќе се спротивстави на приклучувањето на двете нордиски земји во воената алијанса, при што Ердоган ги нарече „легла на терористичките организации“, мислејќи на сепаратистичката Курдистанска работничка партија (ПКК) и Револуционерниот народноослободителен фронт (ДХКП/Ц), кои се забранети во неговата земја.

Секоја кандидатура за членство мора да биде едногласно одобрена од 30-те членки на НАТО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе