Ердоган се заканува дека ќе се сврти кон Русија за набавка на воени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кажа денес дека Турција ќе се сврти кон други земји како Русија ако Соединетите Американски Држави не ѝ ја одобрат испораката на борбени авиони Ф-16.

EPA-EFE

Како што потсетува Дифенс пост, Турција беше исфрлена од програмата за замена на авионите кај НАТО сојузниците откако купи напреден руски противвоздушен систем во 2019 година.

Но откако односите на Вашингтон и Анкара почнаа да се подобруваат, како последица на рускиот напад на рускиот напад на Украина, американскиот претседател Џо Бајден во јуни му кажа на Ердоган дека ќе ја поддржи продажбата на застарените авиони Ф-16, како замена за Ф-35.

Тоа не помина во Конгресот, чија поддршка е неопходна при продажбата на оружје, поради загриженоста на водечките парламентарци во САД околу острата реторика на Турција во однос на традиционалниот непријател Грција.

„САД не се единствените кои продаваат воени авиони во светот. Британија, Франција, Русија исто така продаваат борбени авиони“, кажа денес Ердоган. „Можно е да се набават од други извори, а тие другите ни испраќаат сигнали“, додаде турскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе