Истакна дека турското правосудство е независно

Ердоган се закани со протерување на десет амбасадори од Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани денес дека ќе ги протера амбасадорите од десет земји, вклучувајќи ги Франција, Германија и САД по повиците на тие земји Турција да го ослободи наводниот противник на режимот Осман Кавала.

EPA-EFE

„Му кажав на нашиот министер за надворешни работи дека не можеме да си дозволиме да им посакаме добредојде (на амбасадорите) во нашата земја“, кажа Ердоган, а пренесуваат турските медиуми.

Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД повикаа во понеделникот на „праведно и брзо решавање на аферата“ на Осман Кавала, турскиот издавач и мецена кој се наоѓа во затвор четири години без судење.

„Зар вие треба да ѝ делите лекции на Турција“, наведе Ердоган и додаде дека турското правосудство е независно.

Турските власти во вторникот ги повикаа амбасадорите на тие десет земји, оценувајќи го како „неприфатлив“ нивниот повик на ослободување на Кавала.

Властите во 2013 година го обвинија 64-годишниот Кавала, позната личност од цивилното општество, дека сака да ја дестабилизира државата. Кавала таа година ги поддржа антивладините протести. Потоа во 2016 беше обвинет за обид за уривање на владата при неуспешниот државен удар.

Европскиот суд за човекови права во декември 2019 наложи негово ослободување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе