„Имаме легитимна причина да интервенираме“

Ердоган се закани со почнување нови воени операции во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе почне нови воени операции на северот на Сирија, ако курдските борци не се повлечат од турско-сириската граница.

EPA-EFE

Ердоган, во обраќањето до пратениците во турскиот парламент, кажа дека рускиот воздушен напад врз сириските бунтовници кои ги поддржува Турција во Идлиб претходно неделава покажува дека Москва не сака траен мир во регионот.

„Ако сите терористи не се отстранат, како што ни беше ветено, уште еднаш повторувам дека имаме легитимна причина да интервенираме секој момент кога ќе почувствуваме потреба“, кажа Ердоган.

Неговите коментари следат неколку дена откако осомничен курдски терорист, за кого владите тврдат дека во Турција се инфилтрирал од Сирија, се разнесе во пограничната провинција Хатај, по полициска потера.

Турските безбедносни сили го убиле другиот терорист.

Во првите изјави по рускиот воздушен напад кој се случи во понеделникот во кој загинаа десетици милитанти, Ердоган кажа: „Нападот на Русија врз центарот за обука на силите на Сириската национална армија е знак дека не се сака постигнување траен мир и стабилност во регионот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе