Ердоган се закани: Ќе го мобилизирам целиот свет против Израел

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека ќе направи сè што е во негова моќ за да го мобилизира целиот свет, особено муслиманите.

EPA-EFE

Тој тоа ќе го направи со цел сопирање на „теророт“ на Израелците против Палестинците.

„Оценувајќи ги израелските напади во Ерусалим како терор, изразив (во разговор со палестинските лидери) своја сурова осуда на овие подмолни напади кои ја навредуваат совеста, не само на муслиманите туку на целото човештво. Истакнав дека ќе направиме сè за да се мобилизира целиот свет, особено исламскиот, да сопрат теророт и окупацијата“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека „Турција секогаш ќе биде на страната на палестинската кауза, ќе стои со своите палестински браќа и ќе ја штити честа на Ерусалим“.

Претходно израелската војска одлучи да го засили присуството на границата со Појасот Газа, откако денес продолжија ракетирањата од енклавата врз израелската територија.

Според податоците на Црвената полумесечина во Ерусалим, само ноќеска во судирите на Палестинците и израелската полиција биле повредени 80 лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе