Поради договорот за нормализирање на односите со Израел

Ердоган се закани дека ќе ги прекине дипломатските врски со ОАЕ и ќе ја затвори амбасадата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека размислува да ги прекине сите дипломатски врски со Обединетите Арапски Емирати, откако заливската нација го обелодени историскиот договор за воспоставување официјални односи со Израел.

Фото: ЕПА

Израел и Обединетите Арапски Емирати со посредство на Соединетите Американски Држави вчера постигнаа историски договор што ќе доведе до целосна нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји.

Според договорот, Израел ги суспендира плановите за анексија на голема област на Западниот Брег, соопштија високи официјални претставници на Белата куќа.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и висок ирански службеник го осудија договорот на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), обвинувајќи го Абу Даби за предавство на Палестинците со потпишување на пактот што е во служба на „ционистичките злосторства".

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе