Во траење од 120 часа

Ердоган се согласил на прекин на огнот во Сирија (ВИДЕО)

Турција се согласила привремено да ја запре операцијата во северна Сирија за силите предводени од Курдите да можат да се повлечат, соопшти американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој е во посета на Анкара.

Сите воени операции ќе бидат паузирани во текот на 120 часа, а САД ќе помогнат да се олесни „уредното повлекување“ на трупите предводени од Курдите од она што Турција го нарекува „безбедна зона“ на границата.

„Денес САД и Турција се согласија за прекин на огнот во Сирија“, рече Пенс за време на заедничката прес-конференција со државниот секретар Мајк Помпео.
 
Прекинот на огнот меѓу турската војска, поддржана од сојузниците милитанти, и борците предводени од Курдите, ќе трае 120 часа, според Пенс. За тоа време курдските сили ќе се повлечат од појасот од 30 километри по должината на сириската граница, каде што Турција сака да формира „безбедна зона“.
 
Договореното стопирање на борбите е опишано како „привремено“. Кога ќе се воспостави „постојан“ прекин, американскиот претседател Трамп ќе ги повлече воведените санкции против Анкара, објасни потпретседателот.
 
Процесот на повлекување на курдските милиции ќе биде помогнат од САД, рече Пенс без да образложува.

Преговорите меѓу Пенс и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган траеле повеќе од четири часа.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе