„Не сакавме криза“

Ердоган се откажа од протерувањето 10 западни амбасадори

Западните амбасадори во Турција се „повлекоа и ќе бидат повнимателни во иднина“, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и се откажа од протерувањето на 10 дипломати на кои им се закани поради нивната поддршка на затворениот филантроп Осман Кавала.

EPA-EFE

„Нашата намера не беше да предизвикаме криза“ туку да ги заштитиме суверените права на Турција, кажа Ердоган.

Десет амбасадори од САД, Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска повикаа во заедничко соопштение на 18 октомври на „брзо и праведно решавање на случајот“ на Осман Кавала, кој е во затвор од 2017 година.

Ердоган тоа го протолкува како „напад“ и „навреда“ на турското правосудство во изјава по состанок на својата влада.

„Беше моја задача како шеф на државата да го дадам потребниот одговор“, додаде турскиот претседател и оцени дека турските судови не добиваат наредби од кого било.

„Нивното ново соопштение покажува дека се повлекле“, кажа Ердоган откако 10-те земји потврдија во соопштенија дека дејствуваат „во согласност со членот 41 на Виенската конвенција“ која ги регулира дипломатските односи и забранува какво било мешање во внатрешните прашања на земјата домаќин.

Ердоган во саботата објави дека го наредил протерувањето на тие 10 дипломати колку е можно побрзо, иако таа најава не беше проследена со официјално соопштение упатено до конкретните држави.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе