Ердоган: Се надевам дека Франција наскоро ќе се ослободи од Макрон

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави денеска дека се надева дека Франција наскоро ќе се ослободи од претседателот Емануел Макрон, опишувајќи го како товар за неговата земја, која поминува низ тешки времиња.

Фото: ЕПА

„Макрон е товар за Франција. Со Макрон, Франција минува низ многу опасен период во овој момент. Се надевам дека Франција што е можно поскоро ќе се ослободи од проблемот наречен Макрон“, им рече Ердоган на новинарите во Истанбул по верската служба во Аја Софија во петокот.

Односите меѓу Турција и Франција се влошија од минатата година, особено поради несогласувањата околу Сирија, Либија, Источен Медитеран и неодамнешниот конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах.

Тензиите ескалираа во октомври кога Ердоган го доведе во прашање менталното здравје на Макрон, обвинувајќи го дека води „кампања на омраза“ против исламот кога го брани правото на карикатури на Мухамед и поради неговиот говор против исламистичкиот сепаратизам во Франција.

Ердоган во петокот рече дека Франција, која е копретседател на Минската група задолжена за пронаоѓање решение меѓу Азербејџан и Ерменија, ја изгубила улогата на посредник откако Сенатот и француското Национално собрание усвоија резолуција со која се фаворизира признавање на независноста на Нагорно-Карабах.

„Мојот драг пријател, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, ги советуваше Французите и им рече дека ако толку многу ги сакаат Ерменците, нека им го дадат Марсеј. И јас истото ги советувам“, додаде тој.

Во јасна алузија на постапките на турската влада и нивните последици, Макрон во септември рече дека „големиот турски народ заслужува нешто друго“.

Анкара остро реагираше на тие изјави што ги доживеа како обид за поттикнување на турскиот народ против претседателот Ердоган.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе