Ердоган: Русија не се придржува кон договорот за Сирија

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека Анкара го губи трпението по прашањето за воени напади врз сирискиот регион Идлиб, додавајќи дека Русија ги крши договорите чија цел е запирање на конфликтот во земјата, објави денес телевизијата НТВ.

Подигната е загриженоста околу новиот бегалски бран од областите што граничат со Турција и се дом на три милиони луѓе, откако сириската армија поддржана од Русија го бомбардирала Идлиб.

Турција и Русија, кои поддржуваат спротивставени страни во Сирија, се согласија да работат на смирување на ситуацијата во Идлиб и создавање на демилитаризирана зона според договорите од Астана и Сочи од 2017 и 2018 година.

Но, борбите продолжуваат во последното бунтовничко упориште во земјата во која војната трае девет години, и покрај неколкуте други договори за прекин на огнот.

„Во моментов, Русија не се придржува кон договорот од Астана и Сочи“, НТВ го цитираше Ердоган.

Во интервју за новинарите на летот од Сенегал, тој изјави дека Турција, која гради домови во северен Идлиб за да обезбеди засолниште на цивилите кои бегаат од бомбардирања, ја губи трпеливоста во врска со руското мешање.

„Ако сме лојални партнери со Русија по ова прашање, тие треба да го изнесат својот став. Наша желба е Русија итно да го предупреди режимот кој ја гледа како пријател“, рече тој.

„Договорот од Астана падна во заборав. Треба да видиме што можат да направат Турција, Русија и Иран за заживување на договорот од Астана“, рече тој.

Вчера сириските владини сили влегоа во град на југот на Идлиб, што претставува значаен напредок на претседателот Башар ал Асад.

Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) соопшти дека турски воен конвој од 30 возила, вклучувајќи и оклопни возила, влегол во Сирија во понеделникот вечер и ќе постави набљудувачка позиција јужно од Саракеб во Идлиб.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе