Ердоган: Разликата во гласовите е премногу мала, опозицијата не може да прогласи победа

Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека разликата во бројот на гласови што ги освоија двата главни кандидати во Истанбул е премногу мала за опозицијата да може да прогласи победа, додека неговата владејачка партија бара повторно пребројување на сите избирачки места во борбата против, како што вели тој, „организираниот криминал".

Првичните резултати од минатата недела покажаа тесна победа на главната опозициска партија на турската Републиканска народна партија (ЦХП) на локалните избори на 31 март.

Ердогановата Партија на правдата и развојот (АКП) се жалеше на првичните резултати во сите 39 окрузи на Истанбул, што доведе до целосно или делумно повторно пребројување во најголемиот турски град, кој има околу 10 милиони гласачи. Во неделата, АКП објави дека побара повторно целосно пребројување на гласовите.

„Граѓаните ни велат да ги заштитиме нивните права, се жалат на организиран криминал. Ние, како политичка партија, откривме таков организиран криминал“, рече Ердоган на прес-конференција во Истанбул.

Ердогановата АКП е потресена поради очигледниот пораз во Истанбул и во главниот град Анкара, градовите каде што четвртина век доминираше таа партија и нејзините исламски претходници. Ердоган ја започна својата политичка кариера во Истанбул во 90-тите години кога беше градоначалник.

Ердоган рече дека ќе ги прифати резултатите од изборите само кога Изборната комисија (ИСК) ќе ги обработи сите жалби.

„Никој нема право да зборува за победа на изборите во градот од милион гласачи кога разликата во бројот на гласови е 13.000 до 14.000“, рече тој. „Кога жалбите ќе бидат обработени, ќе ги прифатиме резултатите“.

Досега, водството на Екрем Имамоглу, кандидатот за градоначалник на ЦХП, со почетни 25.000 гласови повеќе се намали на нешто помалку од 16.000 откако повеќе од 90 отсто од гласовите повторно се пребројани.

Главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу ја повика ИСК на непристрасност и рече дека нема разумно оправдување за барањето на Ердоган за целосно повторно пребројување.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе