Ердоган разговараше со Путин и со Зеленски

По телефонскиот разговор вчера во кој разговарале за можноста за извоз на жито од Украина, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Таип Ердоган планираат да се сретнат во блиска иднина, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

„Продолжи размената на мислења за ситуацијата околу Украина, особено во контекст на заедничките напори да се обезбеди безбедно движење низ Црно Море и извозот на жито на светските пазари“, се вели во соопштението.

Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека Ердоган му рекол на Путин дека е време да се дејствува според планот на Обединетите нации за поморски коридор низ Црно Море за извоз на украинското жито.

Украина, која е еден од најголемите производители на жито во светот, од почетокот на конфликтот не може да ги користи поморските пристаништа, кои се клучни за извозот, поради што извезува три пати помалку жито отколку порано.

Поради недостигот од украински житарки, цената на храната во светот се зголеми, што кај многумина создаде страв за безбедноста на снабдувањето со храна. Според официјалните податоци, житариците сочинуваат речиси една петтина од украинскиот извоз.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека разговарал со Ердоган за важноста на деблокирањето на украинските пристаништа на Црно Море и враќање на извозот на жито.

Кремљ додаде дека Путин и Ердоган разговарале и за Сирија, каде што двете земји имаат распоредено вооружени сили. Тие ја истакнале важноста на трилатералните средби за мировните преговори во Астана, на кои ќе учествува Иран, кој исто така е воено ангажиран во Сирија.

Турција, членка на НАТО што има добри односи и со Москва и со Киев, ја критикуваше руската воена операција, но ги отфрли западните санкции воведени кон Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе