Ердоган: Протестите ќе завршат за 24 часа

Турскиот премиер синоќа изјавил дека протестите на плоштадот Таксим и паркот Гези „ќе завршат за 24 часа“. Тој изјавата ја дал неколку часа по средбата со група активисти, во обид да се започне дијалог, и ветил дека со ова ќе завршат собирите, пренесува РТ.

„Му дадов наредба на министерот за внатрешни работи“, кажал Ердоган. „Ова ќе заврши за 24 часа“.

Турскиот премиер вчера се сретнал со група од 11 луѓе во рамки на обидите на владата да ги слушне барањата на демонстрантите. Во групата имало уметници, универзитетски професори и студенти, а на средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи, животна средина и урбанизам, туризам и култура, како и заменик-претседателот на владејачката партија АКП.

Плоштадот Таксим во Истанбул вчера
Ердоган ги предупредил дека ќе ги сопре собирите, кои според него ги рушат имиџот и економијата на Турција.

Во меѓувреме потпретседателот на турската владејачка Партија за правда и развој, Хусеин Челик, изјавил дека не е исклучена можноста да се одржи референдум за иднината на паркот Гези во Анкара.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе