По обидот за преврат

Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во Турција

Во Турција ќе биде воведена вонредна состојба што ќе трае три месеци по неуспешниот обид за државен удар, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во говорот што беше пренесуван во живо по состанокот на Националниот совет за безбедност во престолнината Анкара, турскиот претседател кажа дека одлуката не е против владеењето на правото и не ги нарушува демократските слободи.

Ердоган тврди дека обидот за преврат не е завршен и дека може да има „уште планови“ за насилно преземање на власта во земјата, пренесува Франс прес.

Тој истакна дека европските земји немаат право да ја критикуваат неговата одлука за прогласување вонредна состојба.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе