Опозицијата - прерано е да се каже

Ердоган прогласи победа на турските претседателски избори

Опозицијата го нарече прогласувањето преурането и предупреди дека не се изброени сите гласачки ливчиња, објави Хуриет.

Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на турските претседателски избори, но опозицијата го нарече ова преурането, бидејќи сè уште не се изброени сите гласачки ливчиња.

„Турската нација ми даде мандат како претседател според неофицијалните резултати“, рече Ердоган вечерва. „Се надевам дека никој нема да ја наруши демократијата со фрлање сенка на овие избори и нејзините резултати за да го скрие сопствениот неуспех.“

Официјалната агенција Анадолу објави дека со 95,5% пребројани гласови, Ердоган добил 52,72 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозициската партија ЦХП, Мухарем Инџе, добил 30,75%.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе