Ердоган призна дека во Либија има протурски сириски борци

Реџеп Таип Ердоган денеска првпат го призна присуството на протурски сириски милитанти во Либија, каде што ги поддржуваат силите на меѓународно признаената влада во Триполи.

Турскиот претседател рече дека „Турција е таму со сили за обука. Таму има и елементи на Сириската народна армија“, пренесе Анса.

Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да излезе од земјата и запраша „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 луѓе што го поддржуваат Хафтар“.

Тој повтори дека за Турција Хафтар нема легитимитет.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе