Истекуваат последните часови на примирјето

Ердоган предупреди: Одете си или ве маваме посилно

Истекува времето на петдневното примирје во Сирија, а Ердоган предупреди дека околу 1.300 курдски борци допрва треба да заминат од областите во североисточна Сирија.

Ердоган пред да замине за Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин им рече на новинарите дека 800 курдски борци ги напуштиле областите и повтори дека ќе ја продолжат воената офанзива со „посилна решителност“ доколку курдските борци не заминат до 10 часот локално време, пренесува АП.

Анкара и Вашингтон во четвртокот договорија петдневен прекин на огнот во североисточна Сирија, кој истекува денеска, за да им се овозможи на членовите на Курдската единица за заштита на народот да се повлечат од „безбедносната зона“ што Турција сака да ја воспостави во пограничното подрачје.

Ердоган, пред денешната средба со рускиот претседател во Сочи, изјави дека ќе разговара со Путин како може сирискиот уставен комитет, кој треба да се состане на крајот на месецов, да придонесе за конкретен напредок, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател со Путин ќе се состане на крајот на денов, кога истекува петдневниот прекин на огнот во северна Сирија, договорен со американската администрација, за тамошните Курди да се повлечат на 32 километри од границата со Турција.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе