Ердоган повторно се заканува дека ќе го блокира приемот на Шведска и Финска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека повторно ќе го блокира приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку тие не ги исполнат барањата на Анкара.

Фото: ЕПА

Турција ќе го замрзне процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО доколку тие две земји не го исполнат ветувањето за преземање антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. „Шведска досега не остава добар впечаток“, изјави денеска Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека ги поддржуваат групите кои Турција ги смета за терористички.

Трите земји потпишаа договор на самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО, но под услов двете земји да ги исполнат ветувањата поврзани со наводните терористички групи и извозот на оружје.

Турција тогаш најави дека „внимателно ќе го следи“ спроведувањето на договорот пред да го ратификува влезот на Шведска и Финска во НАТО.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе