Од Будимпешта

Ердоган повторно ѝ се закани на ЕУ: Турција ќе ги пушти бегалците ако не помогнете (ВИДЕО)

Турција ќе мора да ја отвори вратата кон Европа за сириските бегалци доколку Европската Унија не ѝ пружи на Анката доволна поддршка, изјави Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека Турција не може сама да го носи тој товар.

Турција се обидува да воспостави „безбедносна зона“ на североистокот на Сирија, каде сака да насели до 2 милиони сириски бегалци откако регионот „ќе се исчисти од курдските милиции“. Анкара во повеќе наврати побара од Брисел да ѝ помогне на Турција во прифаќањето на повеќе од 3,5 милиони бегалци, пренесува Ројтерс.

„Без оглед дали ќе добиеме поддршка или не, ќе продолжиме да им помагаме на гостите на кои сме им домаќини. Ако во тоа не успееме, тогаш ќе мораме да ја отвориме вратата“, кажа Ердоган на конференција за новинарите заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе